Достапни линкови

Иранската Револуционерна гарда повика на апсење на опозициските лидери


Главниот командант на моќната иранска Револуционерна гарда Јадолах Џавани повика на апсење и судење на опозицискиот лидер Мир Хосеин Мусави и на поранешниот претседател Мохамад Катами, за постизборните немири. За државната новинска агенција ИРНА, тој рекол дека двајцата реформисти го предводеле, она што тој го нарекува мек државен удар, со цел да ги соборат иранските верски водачи. Џавани, исто така, рекол дека тие двајца, како и претседателскиот кандидат Махди Каруби треба да се изведат пред суд, но и пред разузнавачките служби.
XS
SM
MD
LG