Достапни линкови

Ограбена саудиската принцеза


Провалници украле пари и накит во вреност од 15,6 милиони долари од хотелската соба на саудиската принцеза во Сардинија. Италијанските медиуми објавуваат дека крадците го однеле сефот, откако со калауз влегле во собата. Сефот бил прицврстен само со силикон за ѕидот во кој бил вграден. Медиумите објавуваат дека, во Сардинија, веднаш дошле воени претставници од саудиската амбасада, а во истрагата се вклучила и италијанската тајна служба.

XS
SM
MD
LG