Достапни линкови

На австралиските камили им се заканува истребување


Илјадници камили во австралиските пустински области, според владиниот предлог, треба да бидат убиени од снајперисти што ќе ги надлетуваат пустините со хелихоптери.
Камилите ја јадат храна на овците и другите говеда, ја пустошат тревата и упаѓаат во далечните населби во потрага по вода, плашејќи ги тамошните жители. Камилите дури ги уништувале тоалетите и ги кинеле цевките за вода.
Одговорните за планот за редукција на камилите велат дека нивниот број треба да се намали за две третини за да се намалат катастрофалните штети.
Во Австралија се проценува дека има околу 1 милион камили. Тие за прв пат биле донесени на континентот околу 1840 година како превозно средство што го користеле истражувачите на австралиските пустини.
XS
SM
MD
LG