Достапни линкови

Клинтон: Американската економија заздравува, Кинезите може полесно да дишат


Државната секретарка на САД Хилари Клинтон изјави дека Кинезите „малку полесно дишат“, во врска со заздравувањето на американскиот финансиски систем. Таа рече дека, по неодамнешните разговори, „мисли оти е чесно да се каже дека тие“, зборувајќи за Кина, „се донекаде уверени“, дека американската економија се опоравува.
Клинтон рече дека американската економија се движи кон подобро и дека претседателот Обама е посветен на намалување на дефицитот.
Економските и дипломатски власти на САД и Кина, минатиот месец, одржаа дводневни разговори на високо ниво, во Вашингтон.

XS
SM
MD
LG