Достапни линкови

logo-print

Уапсен шефот на озлогласен ирански затвор


Шефот на озлогласениот затвор Кахризак во Техеран е уапсен, по истрагата за прекршување на правата на затворениците.
Шефот на полицијата, за новинската агенција Фарс, изјави дека по апсењето, шефот на затворот е разрешен од функцијата, и дека, од работа се избркани уште двајца затворски чувари.
За Кахризак се смета дека е главниот затвор во кој се затворани уапсените демонстранти од постизборните протести во Иран. За некои од нив, се верува дека умреле во затворот, под неразјаснети околности.
Шефот на полицијата тврди дека тие затвореници умреле од заразна болест што се појавила во затворот, а не поради малтретирање.
Иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи минатиот месец нареди затворање на озлогласениот затвор поради тоа што ги нема неопходните услови за заштита на правата на затворениците.
XS
SM
MD
LG