Достапни линкови

Иран ја обвини Велика Британија за организирање на протестите


Велика Британија и Иран си разменија остри критики, по почетокот на масовното судење во Техеран, за протестите по завршувањето на јунските претседателски избори во Иран.
На судењето за протестите, се обвинети и еден вработен во британската амбасада, еден во француската амбасада и една француска државјанка. Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Милибанд го нарече судењето провокација.
Денеска иранскиот владин весник „Иран“ ги повтори обвинувањата за британска вклученост во протестите посочувајќи ја британската амбасада како главен штаб на демонстрантите. Весникот Кајан го нарече Лондон команден центар на уличните протести во Техеран, со подршка од Вашингтон и Тел Авив.
XS
SM
MD
LG