Достапни линкови

logo-print

Напад врз претседателската резиденција во Могадишу


Најмалку осум луѓе загинаа, а 17 се повредени во сомалискиот главен град Могадишу, откако исламистичките бунтовници ги гранатираа аеродромот и претседателската палата.
Нападот се случи по враќањето на сомалискиот претседател Шариф Шеик Ахмед од кениската престолнина Најроби, каде што се сретна со американската државна секретарка Хилари Клинтон.
Таа вети удвојување на помошта во наоружување за Сомалија и натамошна подршка на африканските мировници кои ја чуваат областа околу претседателската резиденција во Могадишу.
XS
SM
MD
LG