Достапни линкови

Се судрија авион и хелихоптер


Се судрија мал авион и хелихоптер за панорамско разгледување што превезувал петмина италијански туристи над реката Хадсон, во Њујорк. Властите веруваат дека сите деветмина луѓе што биле во леталата се мртви. Полицијата соопшти дека друг пилот што тогаш бил на земја, го забележал авионот како му се приближува на хелихоптерот со туристи, и се обидел да го предупреди по радио врска. Се чини дека пилотот не го добил предупредувањето навреме за да реагира.
Судирот се случил вчера попладне и го виделе илјадници луѓе.
XS
SM
MD
LG