Достапни линкови

11 луѓе загинаа во престрелки во Пакистан


Најмалку 11 луѓе, повеќето од нив исламистички милитанти, загинаа во престрелки во проблематичниот северозападен регоин на Пакистан, соопштуваат властите. Тие соопштуваат дека најмалку шестмина милитанти и двајца локални жители, меѓу кои и локалниот шеф на мировниот комитет, загинале за време на престрелката во градот Кавази, доцна синоќа.
Двајца земјоделци и полицаец биле убиени кога милитантите нападнале полициски конвој во градот Бану, во одделен инцидент, денеска.

XS
SM
MD
LG