Достапни линкови

ЕТА ја презеде одговорноста за неодамнешните напади


Баскиската сепаратистичка организација ЕТА ја презеде одговорноста за неколку неодамнешни напади. Во изјава за баскискиот дневен весник Гара, организацијата ја презеде одговорноста за нападот со автомобил-бомба, во баскискиот град Аригориага на 19 јуни, во кој загина полициски инспектор. Тие, исто така, ја презедоа одговорноста и за нападите од 30 јули на Мајорка.
Во повеќедецениската борба за независност на Баскија, ЕТА се смета за одговорна за смртта на 828 луѓе. Баскија опфаќа делови на северна Шпанија и југозападна Фрнција.

XS
SM
MD
LG