Достапни линкови

Милибанд: Судењето во Иран е провокација


Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Милибанд го нарече провокација денешното судење на вработен во британската амбасада во Иран. Шведскот претседателство со ЕУ оцени дека судењето на вработен во британската амбасада, вработен во француската амбасада и на Французинката е акт против целата Европска унија.
Иран денеска, во второто сослушување, изведе на суд десетици луѓе за учество во немирите што избија по јунските претседателски избори во Иран. Демонстантите сметаат дека Ахмадинеџат доби втор претседателски мандат на нерегуларни избори.

XS
SM
MD
LG