Достапни линкови

logo-print

Престрелка меѓу Талибанците


Пакистанскиот министер за внатрешни работи Рехман Малик соопшти дека добиле информации дека избила престрелка меѓу двајцата конкуренти за лидер на пакистанските Талибанци.
Малик вели дека до престрелката меѓу Вали ур Рехман и Хакимулах Мехсуд дошло на состанокот, на кој треба да се избере наследникот на Бејтула Мехсуд, за кого се верува дека загина на 5 август.
Малик вели дека според информациите до кои дошло пакистанското министерство за внатрешни работи, еден од конкурентите за талибански лидер бил убиен, но се уште не се знае кој.
Претходно, Хакимулах Мехсуд ,за агенцијата Асошиејтед прес, рече дека Бејтула Мехсуд е се уште жив.
XS
SM
MD
LG