Достапни линкови

Договор за коалициска влада во Молдавија


Четири прозападни политички партии потпишаа договор за создавање нова владејачка коалиција – Алијанса за европски интеграции. Сите четири партии, до изборите од 29 јули, беа во опозиција.
Сепак, Либералдемократите, Либералите, Демократската партија и Наша Молдавија не се договириле за распоред на функционерските места во новата влада.
Тоа е тема за понатамошните преговори, вели лидерот на Либералдемократите Влад Филат.
На неодамнешните избори, четирите партии освоија 53 од 101 пратеничко место.
Сепак, тие немаат доволно мнозинство за да изберат нов претседател на државата. Лидерите на Алијансата ја повикаа Комунистичката партија да се договорат за заеднички кандидат што ќе го замени комунистичкиот претседател Владимир Воронин.

XS
SM
MD
LG