Достапни линкови

logo-print

Иглбергер: Македонија има право да се нарекува како сака


Грците мора да пораснат и треба да признаат дека Македонија има право да се именува онака како што таа сака, рече поранешниот државен секретар на САД Лоренс Иглбергер во интервју за Македонската телевизија, пренесува МИА.
Во интервјуто, Иглбергер посочува дека Грција нема никакво право да ја блокира и условува Македонија да се вика онака како што се вика и како што таа сака да ја нарекуваат.
„Тоа би било како Мексико да ни кажува нам Соединетите Американски Држави дека ние не можеме да бидеме Соединети Држави, бидејќи тие се Соединети Држави на Мексико. Тоа е налудничаво! Тоа е чиста глупост! Ќе нагласам: Македонија има право да се нарекува, како што таа сака и според тоа вие треба да и кажете на Грција и на Грците да си ја гледаат својата работа!, вели Игелбергер.
Тој рече дека „на крајот Бугарите и Грците ќе мора да попуштат и да ја прифатат Македонија каква што е“, пренесува државната информативна агенција.
XS
SM
MD
LG