Достапни линкови

Медведев ги одликуваше војниците што се бореа против Грузија


Рускиот претседател Дмитриј Медведев, денеска, ги одликуваше војниците што се бореа во минатогодишната војна против Грузија. Медведев рече дека грузиското водство ќе ја добие „заслужената казна“ за почнувањето на војната. Зборувајќи пред војниците во јужниот руски град Владикавказ, Медведев рече дека Русија нема да ја повлече одлуката за признавање на Јужна Осетија и на Абхазија.
Медведев, денеска, му испратил писмо на францускиот претседател Николас Саркози, во кое му се заблагодарува за „важната улога“ што ја одигра за окончување на петдневниот конфликт.
XS
SM
MD
LG