Достапни линкови

Британија може да остане во Авганистан 40 години


Британија може да игра улога во Авганистан во наредните 40 години, изјави идниот шеф на британската армија генерал Сер Дејвид Ричардс за весникот Тајмс. Тој треба да ја преземе функцијата кон крајот на месецов.
Тој вели дека армијата ќе остане во Авганистан на среден рок, но дека Велика Британија ќе продолжи да учествува во развојот и “во спроведувањето на реформите во безбедносниот сектор во наредните 30 или 40 години“.
Тој вели дека „апсолутно нема шанси“, НАТО да се повлече пред авганистанските безбедносни сили да бидат подготвени.
Велика Британија имаа 9000 војници во Авганистан. Од 2001 година, во Авганистан, загинаа 195 британски војници.
XS
SM
MD
LG