Достапни линкови

Повторно одложени изборите за раководство на Фатах


Повторно се одложени внатрепартиските избори за избор на раководство на палестинското движење Фатах. Се очекува дека делегатите, на конгресот што треба да се одржи во градот Витлеем на Западниот брег, во недела, ќе изберат раководни тела на движењето - нов Централен комитет и нов Револуционерен совет.
Фатах е ослабнат поради внатрешни несогласувања, обвиненија за корупција и поради поразот од парламентарните избори во 2006 година на кои победи исламистичкото движење Хамас.
Хамас од тогаш го контролира појасот Газа, и не им дозволува на членовите на Фатах да го напуштат крајбрежјето за да учествуваат на конгресот во Витлеем.
XS
SM
MD
LG