Достапни линкови

Чавез го враќа амбасадорот во Колумбија


Претседателот на Венецуела Уго Чавез му наложи на венецуелскиот амбасадор да се врати во Колумбија, само една недела откако го повлече.
Чевез го отповика амбасадорот, минатата недела, откако Колумбија ја обвини Венецуела дека ги снабдува со оружје марксистичките герилци ФАРК. Напнатоста ја зголемуваат и плановите на Колумбија да дозволи распоредување на дополнителен број американски војници во земјата. Колумбија вели дека војниците се потребни за борбата против трговијата со дрога.
Од друга страна, Чавез гледа на американската армија како на закана за регионот.
Се уште, е нејасно што го поттикна Чавез да ја смени одлуката.
XS
SM
MD
LG