Достапни линкови

Владимир Путин одбележува 10 години власт


Рускиот премиер Владимир Путин, денеска, прославува 10 години откако е на власт. Путин стана премиер на Русија во август 1999 година, па претседател од 2000 до 2008, а потоа повторно премиер. Политичките аналитичари и дипломатите, на Путин, му ги припишуваат заслугите за обнова на распаднатата земја која беше во опасност од колапс кога на 9 август, тогашниот претседател Борис Јелцин го назначи за премиер – четврти за 17 месеци.
Од друга страна, Путин се обвинува за војната во Чеченија, за гушење на слободата на печат и за уништување на политичките противници.
XS
SM
MD
LG