Достапни линкови

Двајца мртви најдени во нивниот дом кај Гњилане


Две лица од српска националност биле пронајдени мртви во својата куќа во селото Партеш во близина Гњилане, изјави заменик на регионалниот портпарол на косовската полиција Ремзи Аземи. Тој не даде детали во врска со случајот бидејќи истрагата е во тек. Станува збор за брачен пар на возраст од околу 60 години. Во Партеш кое е едно најголемите српски села во тој дел од Косово, живеат околу 300 семејства.
XS
SM
MD
LG