Достапни линкови

logo-print

Македонија:намалена трговска размена со странство


Обемот на трговска размена на Македонија со странство во првата половина од годинава е за 37,2 насто понизок од истиот период лани, соопшти Државниот завод за статистика. Вкупната вредност на македонскиот извоз беше милијарда и сто и деведесет милиони долари, а на увозот над две милијарди и триста милиони долари. Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на фероникелот, производите од железо и облеката, а во увозот најмногу е застапена нафтата, електричната енергија и автомобилите.
XS
SM
MD
LG