Достапни линкови

ФФМ ги повлече влезниците за мечот со Шпанија


Фудбалската федерација на Македонија реши да ги повлече сите влезници кои беа пуштени во продажба за натпреварот со Шпанија поради официјалните информации добиени од надлежните органи дека во јавноста се диструбуирани поголем број фалсификувани билети. Секое лице при замената на билетот е должно да носи лична карта за идентификација. Претходно Министерството за внатрешни работи побара од ФФМ да ги повлече сите претходни влезници за претстојниот фудбалски натпревар во Скопје.
XS
SM
MD
LG