Достапни линкови

logo-print

Обама најавува крај на економската криза во САД


Американскиот претседател Брака Обама денеска изјави дека почнува да се гледа крајот на економската криза во Соединетите држави. Тој оцени дека неговиот план од 787 милијарди долари и другите итни мерки го запреле слободниот пад на економијата и ја стопирале невработеноста. Денеска треба да бидат објавени нови податоци за стапката на невработеноста, а аналитичарите очекуваат таа да достигне највисоко ниво во изминативе 26 години, односно скоро 10 насто. Обама, во говорот, одржан во Вирџинија, ја обвини поранешната администрација на Џорџ Буш за кризата.
XS
SM
MD
LG