Достапни линкови

Годишнина од војната меѓу Грузија и Русија


Грузија и Русија денеска одбележуваат една од година од почетокот на меѓусебната војна која траеше десетина дена. Во Грузија и во нејзиниот сепаратистички регион Јужна Осетија, што беше причина за конфликтот, се одржуваат комеморации за жртвите. На годишнината и претходеа интензивирање на тензиите околу Јужна Осетија и меѓусебни обвинувања за инциденти на границата. Соединетите држави и Европската унија изразија загриженост и ги повикаа страните да се воздржат од провокации.
XS
SM
MD
LG