Достапни линкови

Литванија со најдлабока рецесија во ЕУ


Литванија се соочува со најдлабока рецесија во Европската унија, годинава, покажуваат податоците што денеска ги објави Народната банка на Литванија.
Народната банка објави дека годинава, литванската економија ќе падне за 19,3 отсто. Тоа е најголем економски пад од 1992 година, кога индустрискиот колапс по прогласувањето на независност од Советскиот Сојуз, доведе до пад на економијата од 21 отсто.
Соседната балтичка држава Латвија очекува пад од 18 отсто, а Естонија проценува дека нивниот пад ќе биде 15,3 отсто, годинава.
XS
SM
MD
LG