Достапни линкови

Протест на руските автопроизводители


Околу 2000 работници од најголемиот руски производител на автомобили АвтоВАЗ, денеска, протестираат во рускиот град Толјати. Тие ја повикуваат владата да ја национализира фабриката, поради страв дека намалената продажба ќе доведе до отпуштања и до намалување на платите. Демонстрантите, исто така, бараат оставка од менаџментот на компанијата. АвтоВАЗ демантира дека планира масовни отпуштања, но фабриката планира да ја намали работната недела на 20 часови, што ќе доведе и до намалување на приходите на вработените.

XS
SM
MD
LG