Достапни линкови

Подгоричкиот градоначалник претепа новинар


Уредникот на подгоричкиот весник Вијести Михајло Јовановиќ, кој беше нападнат од градоначалникот на Подгорица Миомир Мугоша, ќе биде опериран во болницата во Цетиње зашто му пукнало ушното тапанче, соопштува редакцијата на Вијести.
Според пишувањето на весникот, подгоричкиот градоначалник ги нападнал новинарот и фоторепортерот на Вијесник, додека фотографирале непрописно паркирани автомобили пред кафуле, во сопственост на синот на градоначалникот.
Претходно весникот објави текст со фотографија дека возилото со кое управува градоначалникот било непрописно паркирано на улица.
XS
SM
MD
LG