Достапни линкови

Москва бара од Западот да престане да ја снабдува Грузија со оружје


Руското инистерство за надворешни работи го повтори барањето на Москва, западните земји да престанат да ја снабдуваат Грузија со оружје. Портпаролот на Министерството Андреј Нестаренко вели дека воената подршка ги наведува грузиските власти да мислат дека можат „да ги решат проблемите со воени средства“.
Напнатоста меѓу Грузија и Русија се зголемува во пресрет на утрешната годишнина од краткотрајната војна меѓу двете земји. Тие војуваа поради грузискиот сепаратистички регион Јужна Осетија.
Претсеадвачот со ОБСЕ, грчката министерка за надворешни работи Дора Бакојани, денеска, ги повика двете страни да се воздржат од изјави и активности што може да ја зголемат напнатоста.
XS
SM
MD
LG