Достапни линкови

ЕУ го осуди извршувањето на смртни казни во Иран


Европската унија ги осуди неодамна извршените смртни казни во Иран. Пред околу една недела, иранските власти обесија 24 луѓе осудени за трговија со друга, во градот Карај. Шведското претседателство со Унијата соопшти дека е загрижено од „непрекинатата практика смртната казна да се користи многу често во Иран“. Шведското претседателство го повтори повикот до иранските власти „целосно да ја укинат смртната казна, а во меѓувреме да воведат забрана за извршување на егзекуциите“.
Организациите за човекови права велат дека Иран е една од земјите со највисока стапка на извршени смртни казни.
Лани, Иран егзекутираше 246 луѓе. Повеќе луѓе од Иран, егзекутираше само Кина.

XS
SM
MD
LG