Достапни линкови

logo-print

Ќе учествуваат ли Србите на изборите на Косово?


Подготовките се во тек, но дали локалните избори ќе се одржат и на северот на Косово и натаму останува неизвесно. Ова го наведуваат во Централната изборна комисија на Косово.

Организирањето на изборите на северот на Косово се одвива добро само во три општини, Зубин Поток, Звечани и Лепосавиќ каде што веќе се поставени секретари на изборните комисии кои со политичките партии работат на подготовка на гласањето, вели претседателката на Централната изборна комисија Несрин Лушта која додава:

,,Што се однесува конкретно до Митровица таму со планот на Ахтисари е предвидена посебна општина за северниот дел на градот. Што значи дека Митровица ќе има две општини. Но, тоа не е во наша надлежност.,,
Одговорно можам да кажам дека, во Митровица и на северот на Косово, а посебно јужно од Ибар никој нема да биде спречен да учествува на изборите, бидејќи мислиме дека секој има право да донесе сопствена одлука...

Вели Лушта. Во министерството за локална управа велат дека се уште не знаат дали ќе има избори во северниот дел на Митровица. Министерот Садри Ферати наведува дека се во тек анализи:

,,Се уште не сме решиле во колку општини ќе бидат организирани изборите. По анализите ќе донесеме одлука за тоа.,,

Претседателот на извршниот одбор на Српскиот национален совет за северно Косово Небојша Јовиќ вели дека србите нема да учествуваат на изборите, но оти нема да ги спречуваат тие што би сакале тоа и да го направат.

,,Одговорно можам да кажам дека, во Митровица и на северот на Косово, а посебно јужно од Ибар никој нема да биде спречен да учествува на изборите, бидејќи мислиме дека секој има право да донесе сопствена одлука.,,

Вели Јовиќ кој сепак, оценува дека секое излегување на изборите би било, како што вели, протерување на државата Србија од Косово. Во изминативе денови претставници на косовските власти најавија дека учеството на србите ќе биде предуслов за процесот на децентрализација со кој се предвидува пет нови општини со српско мнозинство и проширување на постојната општина Ново Брдо. Локалните избори на Косово се закажани за 15 ноември, а Централната изборна комисија смета дека косовските институции ќе успеат за прв пат по 1999 година и самостојно да ги организираат. Во меѓувреме, опозицијата бара поставување камери на гласачките места со цел да се обезбеди изборите да минат без никакви неправилности.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG