Достапни линкови

logo-print

Без навика за осигурување


Улица „Македонија“

Улица „Македонија“

Во летниот период е зголемен бројот на кражби во домовите. Граѓаните не користат осигурување, а осигурителните компании вината ја бараат и во недоволната промоција на продуктите што ги нудат

И во време на летниот период кога и на подолг рок ставаат клуч на врата, нашите граѓани не се под зголемен страв дека нивниот дом ќе биде обиен. Ако се изземат методите човек дома или куче пред врата, редок е случајот кога размислуваат за посериозно обезбедување на својот дом или друг имот.

„Никако.“
Не е проблемот само свеста и економската моќ на граѓаните, но и ние не го промовираме доволно. За да продадете производ треба да бидете блиску до клиентите, ние за жал не успеавме да бидеме доволно блиску до нив

„Старите се дома.“
„Не ми е страв, нема што да ми украдат.“

Свеста за безбедноста на имотот се зголемува по принципот колку повеќе знаеш толку повеќе се плашиш.

„Имам супер брава, врата. Плаќам осигурување.“

Генералниот директор на осигурителната компанија Сигма, Зоран Нарашанов вели дека бројката на заинтересирани осигуреници е многу ниска и покрај тоа што осигурувањето чини помалку од еден дневен весник дневно. Ниту периодот кога не се дома и повеќе денови како што е периодот на летните одмори не ја менува сосотојбата па за осигурителните компании летото не значи и зголемен број клиенти.

„Не е проблемот само свеста и економската моќ на граѓаните, но и ние не го промовираме доволно. За да продадете производ треба да бидете блиску до клиентите, ние за жал не успеавме да бидеме доволно блиску до нив,“

вели Нарашанов

Од МВР велат дека бројот на кражбите оваа година бележи извенсно намалување во однос на летниот период лани како и дека е намален бројот на професионалните кражби преку обивање на влезната врата и дека е зголеме бројот на крадците што користат физичка сила за да влезат дома.
XS
SM
MD
LG