Достапни линкови

Во експлозија во Авганистан најмалку 20 загинати


Во денешната експлозија на бомба поставена крај пат во авганистанската провинција Хелманд загинале најмалку 20 луѓе, јавуваат агенциите. Се прецизира дека меѓу жртвите кои биле учесници на една свадба, имало многу деца и жени. Илјадници американски и британски војници спроведуваат офанзива во тој регион што се смета за центар на талибанските бунтовници.
XS
SM
MD
LG