Достапни линкови

Русија и Турција се поблиску до гасоводот Јужен тек


Премиерите на Русија и на Турција Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган денеска во Анкара треба да потпишат протокол со кој се овозможува изградба на гасоводот Јужен тек низ турска територија. Агенциите јавуваат дека на преговорите треба да учествува и италијанскиот премиер Силвио Берлскони. Италијанската компанија Ени е главен партнер на руски Гаспром за проектот Јужен тек. Овој гасовод, според оценките на медиумите, ќе претставува значаен успех за Москва во напорите да ја задржи доминацијата во областа на снабдувањето на Европа со енергенси. Европската унија инсистира на гасоводот Набуко кој ја заобиколува Русија.
XS
SM
MD
LG