Достапни линкови

Доцни споменикот Филип Втори во Битола


Споменик на Филип Втори во Битола
Споменик на Филип Втори во Битола

Компјутерски недостаток е проблемот поради кого доцни поставувањето на споменикот на Филип Втори на Битолскиот плоштад. Се завршуваат последните подготовки околу функционирањето на комплицираната фонтаната.

Компјутерски недостаток е проблемот поради кого доцни поставувањето на споменикот на Филип Втори на битолскиот плоштад Магнолија. Половина година грандиозниот споменикот на македонскиот крал чека во дворот на битолската општина да биде однесен во неговиот иден дом во центарот на Битола. Од општината велат дека таму се завршуваат последните подготовки околу функционирањето на комплицираната фонтаната која има облик на кралскиот штит, на кого е исцртано осумкракото сонце. Градоначалникот на Битола, Владимир Талески, вели дека чекаат нов софтвер и момент кога ќе бидат уверени дека и 1000 пати да се пушти фонтаната нема да има никаков проблем.

„Каде што е постаментот на споменикот се е завршено. Едноставно во делот на фонтаната има нови моменти кои треба да се изведат
Каде што е постаментот на споменикот се е завршено. Едноставно во делот на фонтаната има нови моменти кои треба да се изведат во вид на фигури. Со хидрауликата има некои технички работи кои треба да се дозавршат
во вид на фигури. Со хидрауликата има некои технички работи кои треба да се дозавршат.Се работи за електроника и треба некои делови да се принарачаат. Сега фонтаната е ставена во функција ваква каква што е, значи не со сите програми. Се работи за прилагодување, балансирање на хидрауликата. Таа треба електронски да се чита зашто треба да оди со светлосниот и аудио делот. Треба практично да се изготви нов софтвер. Штом тоа биде готово како круна на се ќе го поставиме и споменикот.“

вели Талески.
Се работи за многу комплицирана фонтана која што има две програми.

„Едната за секојдневни, а другата за посебни моменти. Летото најверојатно 100 дена ќе работи програмата „Б“. Тоа значи една аудио визуелна атракција која треба да отслика еден амбиент од периодот на Филип Втори.“

објаснува Талески.
Најголемиот дел од работата е завршена, поставена е фонтаната, постаментот за споменикот, клупите, штитовите, копјата на фалангата долги 5 метри.Од општината негираат дека патот на Филип Втори кон плоштадот е попречен од политички причини, иако се знае дека и диломати во Брисел се интересирале за споменикот..
Споменикот го изработи велешкиот склуптор Ангел Коруновски. Филип е прикажан на неговиот коњ со прстот вперен во народот. Заедно со постаменот ќе се издига на висина над 8 метри. Ова е најграндизониот споменик кој се поставува во Битола од периодот на античка Македонија.
Спомен обележјата од античко време, освен археолошките локалитети, во Битола скоро и да не постојат. Иако градот брои 175 меморијални споменици и друг вид спомен обележја најголем дел од нив се посветени на НОБ.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG