Достапни линкови

Портпаролот на Белата куќа бил погрешно разбран


Портпаролот на Белата куќа Роберт Гибс вели дека, вчера, бил погрешно разбран кога го нарече Ахмединеџад „изгласан претседател“ на Иран.
Гибс вели дека Иранците, се уште, го преиспитуваат официјалниот изборен резултат и дека Вашингтон ќе ги остави Иранците сами да одлучат дали јунските избори биле регуларни.
Махмуд Ахмадинеџад, денеска, и официјално, го презеде мандатот како претседател на Иран, по победата на јунските претседателски избори.
САД, Франција, Велика Британија, Италија и Германија одлучија да не му честитаат на Ахмадинеџад за реизборот.
XS
SM
MD
LG