Достапни линкови

ОБСЕ го повика Узбекистан да го преиспита судењето на новинарот


Одделот за медиуми на ОБСЕ го повика Узбекистан да го рагледа случајот на новинарот Дилмурод Саидов, кој беше осуден на 12 години затвор под обвиненија за уцена и измама.
Претставникот за слобода на печат на ОБСЕ Миклош Херажти рече дека е вознемирен од казната на Саидов.
Тој рече дека адвокатот на Саидов не присуствувал на затвореното судење и дека процесот не ги исполнил меѓународните стандарди за фер судење.
Саидов тврди дека случајот против него е одмазда од властите, кои со години, се цел на неговите критики.
XS
SM
MD
LG