Достапни линкови

Естонија ја заврши денационализацијата


Естонските власти соопштија дека го завршиле вдомувањето на луѓето, што поради процесот на денационализација, беа иселени од становите во кои живееја. Естонија им ги врати национализираните згради на семејствата на предкомунистичките сопственици на имотот. Градските власти во Талин велат дека обезбедиле станови за сите што беа иселени по падот на комунизмот. Со законот за денационализација беа погодени околу 100 илјади станари. Тоа е една од најконтроверзните реформи кои ги направи естонската влада од прогласувањето на независноста во 1991 година.
XS
SM
MD
LG