Достапни линкови

Чешка собра осум илјади парчиња нелегално оружје


Чешките власти соопштуваат дека повеќе од шест илјади чешки граѓани, доброволно предале речиси осум илјади парчиња оружје, во акцијата за собирање на нелегалното оружје. Полицијата соопшти дека собрала 7897 парчиња оружје, вклучувајќи автоматски пушки и топ.
Чешка ја спроведе акцијата од 1 февруари до 31 јули. Луѓето што го предадоа оружјето во тој период не се соочуваат со никакви санкции.
XS
SM
MD
LG