Достапни линкови

Дипломатски односи за разграничување?


Kosovo map
Kosovo map

Според експертите, разграничувањето меѓу Македонија и Косово не оди според посакуваната динамика. Тие сметаат дека тоа е вид притисок за што поскоро воспоставување дипломатски односи.

По официјалното одбележување на граничната линија меѓу Македонија и Косово во октомври минатата година кога беа поптпишани протоколите и записниците за секој поставен столб, сега се подготвува теренот за авионско снимање на граничната линија што е и
Не само што не оди, туку и веќе поставените гранични камења веќе имавме ситуации кога беа рушени. Тука е главниот проблем што од косовска страна не се решава, со нивните жители
последна активност во целиот процес на граничната линија велат во МНР. Заедничката мешовита македонско косовска комисија ке одлучи кога тоа ке започне штом се создат условите на терен вели портпаролот Петар Чулев

„Во текот на месецов или септември, треба и авионски да биде инвентирано со што и технички треба да се заокружи процесот иако таа е демаркирана од октомври и верификувана со договорот на Марти Ахтисари, меѓународно верификувана од ОН.“

Според експертите разграничувањето кое косовските власти го презедоа како обврска не оди според посакуваната динамика. Според Професорот Владимир Пивововаров ова одолговлекување од косовска страна е во вид на притисок за што поскорешно воспоставување дипломастки односи:

„Не само што не оди, туку и веќе поставените гранични камења веќе имавме ситуации кога беа рушени. Тука е главниот проблем што од косовска страна не се решава, со нивните жители.“
Од друга страна, од наша страна можеби се одолговлекува процесот, да се додвориме на Србија. На дипломатски план, меѓу Македонија и Србија има забрзано темпо на подобрување на односите, тоа резултираше со посетата на Прохор Пчињски.

Одолговлекувањето околу разграничувањето и воспоставувањето дипломатски односи меѓу Македонија и Косово аналитичарот Алберт Мусли го поврзува со соседите. Можно е врз Косово да се врши притисок од една од европските држави која не ја признава независноста на Косово, но сепак ги признава пасошите вели Мусли, мислејќи на Грција:

„Од друга страна, од наша страна можеби се одолговлекува процесот, да се додвориме на Србија. На дипломатски план, меѓу Македонија и Србија има забрзано темпо на подобрување на односите, тоа резултираше со посетата на Прохор Пчињски.“

Согласно виенската конвенција за дипломатски односи легитимно право на мегународно признаените држави е мегу себе да воспоставуваат дипломатски односи. Во такава една рамка ставена во меѓународното право наша е проценката кога и како, односно
дали и во кој момент тоа ке се направи коментира Пивоваров

„Граничната линија и воспоставувањето на дипломатски односи не треба да бидат во корелација, значи не треба некој да биде условуван за некое идно прашање.“

Во министерството за надворешни работи велат дека дипломаски односи ке бидат воспоставени во моментот кога владите на двете држави ке оценат дека се создадени најповолни услови.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG