Достапни линкови

Македонскиот фудбал пак „остана дома“


Премиерот Груевски со претседателот на УЕФА Мишел Платини

Премиерот Груевски со претседателот на УЕФА Мишел Платини

Македонскиот клупски фудбал и годинава нема да биде присутен во европските натпреварувања на УЕФА. Македонската лига е на дното на светската ранг листа. Според познавачите потребна е сериозна работа, особено со младите категории

Македонскиот клупски фудбал ниту ова лето нема позабележителен настап на меѓународната сцена. Од четирите претставника во евро куповите, единствено Работнички успеа да мине една пречка. Но, и освојувачот на националниот куп е пред елиминаци
Прва и основна работа е квалитетот. Сигурно е дека во македонскиот фудбал нема квалитет што го имал порано. Секој малку подобар квалитет оди надвор, исто и финансиите, инфраструктурата. Сите македонски клубови имаат катастрофални услови за работа, што е една голема пречка за равој на младинскиот фудбал, а тоа е единствен услов за напредок на македонскиот фудбал. Кога ќе се решат овие работи, финансирањето, инфраструктурата, финансирањето во младинскиот фудбал мислам дека и македонскиот фудбал ќе тргне нагоре
ја од Евролигата на УЕФА, бидејќи на 6-ти август ќе му гостува на данскиот Одензе, кој по првиот меч во Скопје има предност од 4-3. Резултат за дополнителна потврда на ни малку пријатната реалност на нашиот клупски фудбал, кој е закован на европското дно. Факт за кој говори и 96-тото место на кое се наоѓа нашата лига, во конкуренција на 100 рангирани првенства во светот, а според Интернационалната федерација за фудбалска статистика.
Кои се причините за овие поразителни бројки? Според поранешниот фудбалер на Вардар, Ѓорѓи Тодоровски – Џони:

„Прва и основна работа е квалитетот. Сигурно е дека во македонскиот фудбал нема квалитет што го имал порано. Секој малку подобар квалитет оди надвор, исто и финансиите, инфраструктурата. Сите македонски клубови имаат катастрофални услови за работа, што е една голема пречка за равој на младинскиот фудбал, а тоа е единствен услов за напредок на македонскиот фудбал. Кога ќе се решат овие работи, финансирањето, инфраструктурата, финансирањето во младинскиот фудбал мислам дека и македонскиот фудбал ќе тргне нагоре,“

изјави Тодоровски. Со неговото мислење се согласува и македонскиот фудбалски интернационалец и репрезентативец од пред десетина години Марјан Герасимовски. Тој, смета дека покрај многу значајните финансии, за напредок и позитивни резултати во иднина неопходна е квалитетна работа со младите категории, кои сега се запоставени. Затоа...

„Почнувајќи од првите фудбалски чекори на децата, па се до 18 години, треба да се обрне многу повеќе внимание, да се работи стручно со децата, да се обезбедат максимални услови за работа,“

вели Герасимовски, кој додава дека и државата мора да помогне со стимулирањето на поголемите фирми за инвестирање во фудбалот. Стара болка, која никако да се реши, иако долги години се најавува носење на Закон за спорт, со даночни олеснувања за спонзорите. Услов за нивно вложување, во кое според екс интернационалниот судија, Гоце Попев, треба да се приклучи и самата држава:

„Секаде во Европа, владите на тие земји се грижат за фудбалските клубови во спортот, даваат, ослободуваат од многу давачки, тие првенства можеби не се многу поквалитетни, но повеќе се инвестира во фудбалот и затоа и успесите се поголеми,“

истакна Попев.
XS
SM
MD
LG