Достапни линкови

logo-print

Во јуни и јули годинава се бележи намалување на индексот на трошоците за живот. Експертите предупредуваат дека дефлацијата не создава состојба на економски раст

Во јуни и јули годинава се бележи намалување на индексот на трошоците за живот, еден од клучните индикатори за економските движења. Според дел од експертите, тоа е показател дека македонската економија е навлезена во дефлација. Се поставува прашањето што ја предизвикува дефлацијата и како овој тренд ќе влијае на стопанството и граѓаните ?
Експертите се со поделени мислења. Едни сметаат дека дефлацијата настанала поради долгата рецесија во земјава, додека други се оптимисти и тврдат дека ако Буџетот се полни, дефлацијата и инфлацијата нема да бидат проблем.

Министерот за финансии Зоран Ставревски
Според професорот Тихомир Јовановски, дефлацијата е понеповолен феномен од инфлацијата, поради тоа што во услови на дефлација, намален е оптекот на пари.
Која е разликата, при постојана инфлација, цените одат нагоре, количината на пари оди нагоре, се создава атмосфера на заживување на економијата, што значи се оди кон зголемување на стапката на стопснки раст. Кај дефлацијата, состојбата е спротивна. Поради состојба на паѓање на цените, тие не се продаваат, фабриките трупаат залихи или го намалуваат произвидството или вработеноста


„Која е разликата, при постојана инфлација, цените одат нагоре, количината на пари оди нагоре, се создава атмосфера на заживување на економијата, што значи се оди кон зголемување на стапката на стопснки раст. Кај дефлацијата, состојбата е спротивна. Поради состојба на паѓање на цените, тие не се продаваат, фабриките трупаат залихи или го намалуваат произвидството или вработеноста.“

Јовановски вели дека дефлацијата „тлеела“ неколку години, предизвикана од рецесијата во која е западната македонската економија

„Ако од 2003 година наваму Македонија се наоѓа во рецесија. Како резултат на таа рецесија задолжително се доаѓа до дефлација. И дефлацијата не е сегашна, туку корените се од 2003 наваму.“

Професорот Марија Зарезанкова Потевска, од друга страна смета дека состојбата се подобрува. Според неа, добра вест за економската стабилност е приливот на пари во народната каса.

„Што сепак ни дава за право да мислиме дека можеби оваа рецесија полека се надминува иако прогнозите се црни на НБМ, така што очекувам дека нема да дојде до дефлација.“

Потевска додава дека за сега најнеповолна е намалената куповна моќ на граѓаните поради високите каматни стапки на банкарските кредити.

„Во развиените земји не се високи толку каматите, значи не оти толку е ефтин капиталот, но го прават да биде ефтин, се во интерес на движење на стопанството.“

Според официјални податоци,индексот на трошоците за живот е намален за 1,3 проценти во јули во споредба со истиот период лани. Во јуни пак индексот паднал за 1,7 проценти.
XS
SM
MD
LG