Достапни линкови

Српски докази за шверц на човечки органи на Косово


Српски правосудни претставници соопштија дека на специјалниот известувач на Советот на Европа Дик Марти му претставиле докази за шверцот на човечки органи на српски државјани, спроведуван од етнички Албанци од Косово, пренесоа американските меидуми. Дик Марти треба пред Советот на Европа да претстави извештај за претпоставената трговија со човечки органи во северниот дел на Албанија за време на оружените судири во Косово. Денеска завршува дводневната посета на Марти на Србија, од каде тој ќе отпатува за Албанија.
XS
SM
MD
LG