Достапни линкови

Турски новинари уапсени од грчка крајбрежна стража


Грчката крајбрежна стража уапси тројца турски новинари и уште две други лица бидејќи се обиделе да снимат грчки војници во близина на спорниот медитерански остров Ро, јави турската агенција Анадолија. Турските новинари тргнале од летувалишето Кас бидејќи слушнале дека грчките војници го кренале знамето на ненаселеното островче, кое Турците го викаат Караде, но грчката крајбрежна стража го запрела малиот брод кој новинарите го изнајмиле и ги уапсила, заедно со капетанот на бродот и еден морнар.
XS
SM
MD
LG