Достапни линкови

Тешки криминалци мачат и силуваат затвореници по налог на руската полиција


Еден од најпознатите активисти за човекови права во Русија го обвинува рускиот затворски систем дека користи тешки криминалци да ги мачат останатите затвореници од кои треба да извлечат признание. Лав Пономарјов соопшти дека неговата организација „За човекови права“ примила многу писма од затвореници што се жалат на злоупотреба. Тој изјави дека некои од најтешките криминалци имаат налог да ги мачат, силуваат, а понекогаш и да ги убиваат нивните „цимери“. Портпаролот на затворската чуварска служба ги демантира обвинувањата и вели дека за тоа нема никакви докази.


XS
SM
MD
LG