Достапни линкови

logo-print

Иранската опозиција повикаа на нови протести


Иранските опозициски групи повикаа на нови улични протести, што би требало да се одржат утре, во тек на свеченоста за инаугурацијата на претседателот Махмуд Ахмадинеџад. Опозицијата смета дека јунските претседателски избори биле наместени, и дека вистинскиот победник е опозицискиот лидер Мир Хосеин Мусави.
Во досегашните протести и немири поради изборните резултати, според иранската парламентарна истрага, загинаа најмалку 30, а неколку стотини луѓе се затворени.
XS
SM
MD
LG