Достапни линкови

Летово во Дебар и околината зачестена е појавата на нарушување на јавниот ред и мир со истрели од огнено оружје на свадбени веселби.

Во овие летни денови во Дебар и околните селски наслеби зачестена е појавата на нарушување на јавниот ред и мир со истрели од огнено оружје на сведбени веселби. Појавата според полициската станица во Дебар е честа поради што преку апели до населението се бара почитување на законот. За среќа масовното пукање на свадби оваа лето минува без последици врз безбедноста на луѓето и Невладините организации и граѓаните бараат санкции спрема оние кои не го почитуваат законот , се со цел да не се повторат трагедиите што на овие простори се случија на свадбени веселби поради истрели од огнено оружје.

,, Состојбата во последниот месец од како почна свадбите на овие простори бележи значително зголемување на нарушувањето на

Состојбата во последниот месец од како почна свадбите на овие простори бележи значително зголемување на нарушувањето на јавниот ред и мир од употреба на нелегално оружје

јавниот ред и мир од употреба на нелегално оружје . Но како полициска станица ги имаме превземено сите потребни мерки во согласност со законот и тие се решаваат согласно позитивните законски прописи.“

истакнува инспекторот по превентива при Полициската станица во Дебар Милаим Абази. Тој укажува дека има континуитет на оваа појава . Институциите на власта преку разни проекти изминатите години влијаеа врз намалување на појавата, но ова лето сепак појавата има пошироки размери.

,,Според обичајните норми на овие простори, познато ние дека скоро на секоја свадбена веселба, се употребува оружјето. Свесни за ова во 2оо6 година во соработка со локалните власти и УНДП е спроведен проект и според нашата евиденција, дојде до намалување на појавата на нелегално користење на оружје и тоа до 80 проценти. Имаше благо зголемување во 2007 и 2008 година, но за жал оваа лето има значително зголемување на употребата на огнено оружја на свадбени веселби,,

вели Абази.

Невладниот сектор кој го подржува апелот на полициската станица смета дека поради имање на нелегално оружје има потреба од нова акција за доброволно предавање на оружјето.

,,И од НВО и од граѓаните добиваме подршка околу репресивниот дел на извршување на полициската функција,,

вели Абази и додава дека прва цел е да се искористат сите можности што ги дава законот во однос на превентивното остварување на функцијата за на,малување на бројот на случаи на нарушување на јавниот ред И мир , но аналогно на тоа и во апелот се наведува дека полицијата ќе ги зголеми своите активности во согласност со законот.

  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG