Достапни линкови

Бил Клинтон вечерал со Ким Јонг-Ил?


Поранешниот американски претседател Бил Клинтон се сретна со Севернокорејскиот диктатор Ким Јонг-Ил.
Тамошните државни медиуми објавија дека Ким Јонг-Ил приредил вечера во чест на Клинтон. Белата куќа соопшти дека Клинтон отпатувал на Корејскиот полуостров приватно и ги отфрли наводите дека Клинтон на Ким му пренел порака од американскиот претседател Барак Обама.
Клинтон е на приватна мисија за ослободување на двете американски новинарки во Северна Кореја. Новинарките се осудени на 12 години затвор поради нелегално влегување на Севернокорејска територија.
XS
SM
MD
LG