Достапни линкови

3,5 пати повеќе Македонци патуваат во Грција во однос на лани


Се проценува дека преку 25.000 македонски граѓани престојуваат во Грција, што е 3,5 пати повеќе од лани, пренесува македонската државна информативна агенција МИА.
Во изминатите три празнични денови кон Грција се упатиле повеќе од 55 илјади патници. Речиси една четвртина од нив се македонски државјани.
На македонско-грчката граница минатиот месец се регистрирани вкупно половина милион патувања, пренесува МИА.
XS
SM
MD
LG