Достапни линкови

Во Македонија досега кај 27 пациенти е потврден вирусот А/Х1Н1. Здравствените работници очекуваат проширување на вирусот од септември.

Активноста на новата инфлуенца на А/Х1Н1 се проширува се повеке. Од 46 земји во европскит регион веке се пријавени случаи. Во Велика Британија се забележани сто десет инфицирани. Во Македонија се смета дека новиот тип грип ке ја зголемува својата активснот со доагањето на есента. Инфективната клиника каде има над 100 пациенти од кои кај 27 е потвредно присуство на новиот грип засега добро стои со капициети но се примаат и зголемен број болни со други патологии кои во летно време вообичаено се со поголем број
Од септември натаму очекуваме да видиме каков ќе биде бројот и се очекува зголемување, како и потешеки случаи со компликации, засега овие случаи кои што ги имаме на Инфективна клиника се без компликации
вели доктор Соња Петрушевска

„Од септември натаму очекуваме да видиме каков ќе биде бројот и се очекува зголемување, како и потешеки случаи со компликации, засега овие случаи кои што ги имаме на Инфективна клиника се без компликации.“

Во однос на болничките капацитети останува Инфективната клиника да биде референтна институција мегутоа во однос на плановите кој што државата ги подговии за одговор на пандемиската инфлуенца и остнатите инфективни клиники се подготвени да ги примат останатите случаите, оценува Марија Кишман од СЗО.

„Една од клучините алки во овој период е обезбедување на вакцини кај производителите затоа што имаме податоци дека и Македонија веќе ја започнува таа активност.“

Во моментов СЗО заедно со минстерството за здравство работи со итните медицински служби како линк помегу болничкиот дел и примарната здравствена заштита во смисла на транспорт и прва помош како и со лекарите од примарната здравствена заштита во смисла на интезивирање на информациите што тие треба да ги имаат на располагање и соодветен тренинг и мерки што треба да ги преземат. Иако е летен период одзивот од итната медицинска помош е задоволителен вели Кишман Таа нагласува дека во ситуација кога се објавува пандемија препораките на СЗО е да се оринтира кон мерки и активности за намалување на ефектите од заболувањето а спречувањето на внесот на инфекцијата и раната детекција во смислол на грнични премини во овој момент веке се смета како несоодветна мерка бидејки повеке од 46 земји веке регситрираа случаи.

„Станува збор за респираторна инфекција и истата тешко дека може да се открие и спречи на самата граница. Точно дека некои случаи може да се откријат на тие гранични премини, но клучна е информацијата за населението, самостојно да реагираат и да се обратат до своите матични лекари доколку почувстуваат симптоми.“

Веке и за сомнителните случаи државите кои имаат голем број не ги испитуваат лабараториски туку по клиничка слика евентуално ја дијагностицираат болеста.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG