Достапни линкови

Што значи доаѓањето на Расмусен за Македонија?


Андерс Фог Расмусен

Андерс Фог Расмусен

Според домашните експерти новиот генерален секретар на Алијансата Андерс Фог Расмусен ќе донесе освежување, но сепак ќе го задржи континуитетот во досегашната политика на НАТО кон Македонија.

И покрај декларираната отвореност и позитивни пораки кон Балканските земји смената на челната позиција во Алијансата за Македонија според експертите најверојатно значи само континуитет на се она што се случуваше во односите меѓу НАТО и Македонија и за време на претходниот генерален секретар на НАТО Јап де Хоп Схефер. Новиот генерален секретар на Алијансата, Андерс Фог Расмусен преземајќи ја функцијата порача дека што се однесува на Балканот ќе биде целосно посветен на политиката на НАТО на отворена порта.

„Меѓутоа ние сме посебен случај во тоа негово видување за проширување, нели околу проблемот со името што треба да го решиме, поканата останува отворена. Не верувам дека без промена на името, дека ќе можеме да влеземе во НАТО. Апсолутно неможе да се
Не верувам дека без промена на името, дека ќе можеме да влеземе во НАТО. Апсолутно неможе да се промени тоа e една стратегија на која се работи.
промени тоа e една стратегија на која се работи.“

Коментира професорот Владимир Пивоваров сепак оценувајќи ги како позитивен знак на отвореност изјавите на Расмусен кои се донесуваат на ставот на Алијансата кон земјите од Балканот. Смената на водството во Алијансата и за професорот Назми Малиќи значи најава на освежување во политиката на Алијансата како и афирмација на погледите за проширување особено што ккао што вели новиот генерален секретар на НАТО може да ја продолжи досегашната позитивна политика на Данска кон Македонија.

„Ние како држава треба да бидеме покоректни во нашиот однос за зачувување на предноста која ја имаме за зачленување во НАТО и се надеваме дека процесите продолжуваат за приближување и на политиката и на проблемот со Грција што засега ни е пречка.“

Додава Малиќи кој се надева и пошироко на афирмација на соработката на Алијасната и со земјите што не се членки а со оглед на нивниот придонес во безбедносна смисла. Најавената агенда и плановите на Алијансата и пошироко со доаѓањето на Расамусен експертите ја фледаат како многу отворена и општимистичка особено поради заложбите за развој на стратегиско партнерство со Русија.
XS
SM
MD
LG